Честитка од премиерот Груевкси за верниците од католичка вероисповед

Премиерот Никола Груевски упати честитка до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Република Македонија Киро Стојанов и до верниците од католичка вероисповед во Република Македонија по повод празникот Рожденство Христово - Божиќ.

- Во моменти кога во кругот на семејството ги празнувате Божјата љубов и благост, мирот и радоста, искрено ви посакувам многу здравје и среќа, неизмерна љубов, бериќет и духовен мир во вашите семејства, стои во честитката.

Божиќ, како што е наведено, е празник на љубовта и радоста, празник на правдата, слободата и вистината. Празнување на толеранцијата, трпението и потребата еден со друг да се почитуваме и разбираме. Светата божиќна ноќ и божиќниот ден нека бидат мигови на молитва за своите ближни, за духовен мир и духовна сила. Молитва за мир и благосостојба, за развој и напредок, за нашите и идните генерации на Република Македонија. 

- Со божја помош и силна верба, со заедништво, слога и почитување, искрено се надевам дека како и досега така и во иднина, ќе продолжиме да работиме на исполнување на нашите заеднички цели за подобра иднина на сите граѓани на Република Македонија, се вели во честитката на премиерот Груевски.

 

 

Оцени ја веста

24.12.2014 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа