ВМРО-ДПМНЕ им го честита Божиќ на сите верници од католичка вероисповед

ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Рожденство Христово- Божиќ.

На граѓаните од католичка вероисповед, кои овој голем христијански празник го слават според Грегоријанскиот календар, им посакуваме да го поминат во пријатни мигови со своите најблиски, во семејна среќа, бериќет и благосостојба. На овој е семеен празник се празнува Раѓањето на Исус Христос,  но и универзалните  вредностите кои сите нас не врзуваат, соживотот, толеранцијата, милосрдието и взаемното разбирање. Тие се клучот на успехот и напредокот. Нека овој празник биде поттик секој од нас да верува, да работи и да ја гради подобрата иднина за себе, за своите најблиски, за своите сограѓани, се вели во честитката.

 

 

Оцени ја веста

24.12.2014 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа