„Нека овој празник биде поттик за сите нас" - честитка од ВМРО - ДПМНЕ за католичкиот Божиќ

ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Рожденство Христово - Божиќ.

- На граѓаните од католичка вероисповед, кои овој голем христијански празник го слават според Грегоријанскиот календар, им посакуваме да го поминат во пријатни мигови со своите најблиски, во семејна среќа, бериќет и благосостојба, стои во честитката.

На овој е семеен празник, како што е наведено, се празнува раѓањето на Исус Христос, но и универзалните вредностите кои сите нас не врзуваат, соживотот, толеранцијата, милосрдието и взаемното разбирање. Тие се клучот на успехот и напредокот.

- Нека овој празник биде поттик секој од нас да верува, да работи и да ја гради подобрата иднина за себе, за своите најблиски, за своите сограѓани, стои во партиската честитка. 

 

 

Оцени ја веста

24.12.2014 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега