Летонски хакер ќе биде екстрадиран во САД

 

- Летонија ќе екстрадира во САД својот државјанин Денис Чаловскис, кој е обвинет од американските власти за содавање и распространување на вирус, од кој биле зафатени повеќе од еден милион компјутери во целиот свет.

Според претставник на летонското Министерство за надворешни работи Чаловскис ќе биде предаден на САД откако Летонија ќе добие конкретен датум за екстрадиција.

Врховниот суд на Летонија претходно одобри екстрадиција на Чаловскис во САД. Одлуката е одобрена и од Владата на 6. август 2013 година, а премиерот ја потпишал.

Летонскиот хакер беше во затвор од 4. декември 2012 до 10 октомври 2013 година, кога беше ослободен по одлуката дека осомничените не можат да бидат во притвор повеќе од една година.

Чаловскис се обиде да ја обжали одлуката за екстрадиција во САД пред Европскиот суд за човекови права, но неуспешно.

Американските власти тврдат дека Чаловскис заедно со еден Русин и еден Романец, преку компјутерскиот вирус се стекнале со незаконски пристап до банкарска информација и краделе пари од сметки на физички и правни лица, како и од дрржавни институции. Тие направиле штета од најмалку 50 милиони долари. Од вирусот биле нападнати и 160 компјутери на американската вселенска агенција НАСА.

 

 

Оцени ја веста

23.12.2014 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега