Не ја кријат љубовта: Заедничка фотографија ги издаде Ана Ивановиќ и Швајншатјгер
Додека летале за Мелбурн, прекрасната тенисерка Ана Ивановиќ и фудбалерот Бастијан Швајнштајгер, биле замолени од еден нивни обожавател да се сликаат со него, а судејќи според фотографијата, тие со задоволство прифатиле.
На својот профил на Инстаграм, Џоји Ху напишал дека не седеле еден до друг, бидејќи седиштата во прва класа не се споени, но дека Бастијан често одел до седиштето на Ана и дека дефинитивно се во врска.
За потсетување, Ана и Бастијан наводно се гледаат уште од септември, кога фудбалерот на германската репрезентација ја оставил неговата девојка поради познатата тенисерка.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа