Турскиот премиер Давутоглу во дводневна посета на Македонија

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска и утре ќе престојува во посета на Република Македонија.

Давутоглу, како што соопшти неговиот кабинет, во Скопје ќе се сретне со македонскиот премиер Никола Груевски и со претседателот Ѓорге Иванов. Теми на разговор ќе бидат политичките, економските и трговските односи меѓу Македонија и Турција.

Ќе бидат разменети и мислења за регионални и меѓународни теми од заемен интерес.

За време на престојот, Давутоглу ќе има и активности во рамките на одбележувањето на Денот на турското образование во Македонија.

 

 

Оцени ја веста

22.12.2014 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега