Студена ноќ во Македонија - еве каде вее снег во моментов

Слаби снежни врнежи оваа ноќ на планините низ Македонија. На Шар Планина на врвот попова Шапка вее слаб снег но се уште нема поголема снежна покривка. Слична е ситуацијата и на Маврово како и на Кожуф.
Слаб снег провејува на планинските превои Стража, Плетвар и Буково, но тие не претставуваат посериозен проблем во одвивањето на сообраќајот.
Во моментов низ Македонија температурите се движат од минус 2 до 4 степени. Во котлините е ведро и нема врнежи од снег.

 

 

Оцени ја веста

21.12.2014 - 23:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега