Полициското насилство дополнително ги налути - демонстрантите одбија средба со Ердоган

 

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган денеска требаше да оствари средба со организаторите на протестите против реконструкцијата на плоштадот Таксим и уништувањето на паркот Гези во Истанбул. Во знак на протест поради полициското насилство за време на протестите, организаторите на собирите Хајко Багдат и Хилал Атаџ ја одбија средбата.

Хајко Багдат е познат новинар и член на еколошкото движење „Солидарност за Таксим“.

- Ниту едно од нашите барања кои ги поставивме уште пред 10 дена не е исполнето од страна на Владата. Поради тоа нема никаква смисла од планираната средба со премиерот и одбивам да учествувам, изјави Багдат.

Шефот на турското претставништво на меѓународната еколошка организација „Гринпис“, Хилал Атаџ, исто така, го откажа своето учество на средбата.

- Во оваа состојба на насилство, не сметам дека би можело да има разумен и конструктивен дијалог. Затоа ја одбив поканата за учество. Во мирна и демократска ситуација, секако сме подготвени на секаков разговор, истакна Атаџ во писмено соопштение. 

најчитано сега