Јосиповиќ: Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Македонија во европските и евро-атланските интеграции

Хрватскиот претседател во Иво Јосиповиќ вели дека Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Македонија во европските и евро-атланските интеграции, и додава дека Македонија треба да истрае, и да работи да се реши спорот со Грција.

- Во мојот мандат Хрватска силно ја подржуваше Македонија нејзиниот пат кон Европската Унија. За жал, спорот околу името го отежнува тој процес. Со влезот во ЕУ Хрватска продолжи да и помага на Македонија иако нашите иницијативи и сегашна позиционираност не се доволни да се реши тој проблем. По тоа прашање ние дадовме јасна подршка на Македонија на повеќе мултирателарни и билатерални настани и отворено го изнесовме својот став. Таа тема беше и во фокусот на повеќе мои средби со македонскиот претседател Иванов. Доколку бидам повторно избран за претседател, тоа ќе остане еден од моите приоритети. Секако, Македонија е таа која треба да истрае и најмногу да стори да го реши проблемот, а ние, како членка на ЕУ безрезервно ќе ја поддржиме и ќе пружиме помош колку што ни дозволува сегашната позиција. Сакам да ви кажам дека Хрватска цврсто верува во Македонија и дека Македонија и македонскиот народ заслужуваат во најблиска иднина да се најдат во ЕУ и во заедничкиот европски дом да го градат својот просперитет, изјави Јосиповиќ за дописникот на интернет порталот МКД.мк. Изјавата Јосиповиќ ја дал за време на предизборната кампања за претседателските избори, која е во тек во Хрватска.

Изборите се закажани за 28 декември, а во меѓувреме кампањите на кандидатите влегоа во најжешката фаза, а според последните сондирања во јавноста, Јосиповиќ се уште е претседателски кандидат со највисок рејтинг. Тој во трката настапува повикувајќи се на уставните измени кои ги издејствува за незастарување на делата за воено профитерство и транзициски криминал и предлага нови уставни измени, за посилна децентрализација на Хрватска, заштита на правата на етничките малцинства и на екологијата.

- Токму уставните промени се најсилно средство за промени со кој располага претседателот. И не само тоа, тие се услов за успешни економски реформи. Јас деновиве многу пати кажав, а и сега ќе ви повторам дека секоја реформа мора да почне со институционални промени. Во таа смисла мојата програма со уставните промени како база за реформи ја поттикнува политиката која промовира закрепнување и развој. Можам да кажам дека уставните промени што ги иницирав 2010 година на почетокот на мојот мандат дадоа јасни резултати. Одговорноста и моралот повторно се вратени во политиката. Сите што се занимаваат со криминал и корупција веќе не се во позиција да ја избегнат правдата и да го кршат законот. Веке нема недопирливи, а тоа се гледа и од фактот што голем број високопозиционирани личности од политиката и стопанството издржуваат казни за корупција и криминал“, изјави Јосиповиќ. 

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 20:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега