Штипскиот буџет за наредната година зголемен за 32 отсто

Нови патишта и улици во руралните средини, но и реконструкција на трите приоритени улици, се дел од развојната компонента на штипскиот буџет, кој заедно со блок дотациите ќе тежи 906 милиони денари, а основниот буџет ќе изнесува 494 милиони денари, пренесува МИА.

Трајче Цветков од Одделението за финансии вели дека годинава основниот буџет на градот е зголемен за околу 32 проценти за разлика од годинашниов. За наредната година преку средства од Владата и ресорните агенции се очекува во буџетот да влезат околу 70 милиони денари за изградба на патишта и улици во селата.

- Тука се и Програмите за развој на Општина Штип кои се во висина од 38 милиони денари, а со кои се опафатени улиците „Вардарска“, „Вита Поп Јорданова“ и „Христијан Карпош“. Во овој дел на инвестициите се секако и средства предвидени и шест милиони денари за водовод и шест милиони за канализациони мрежи и за веќе постоечката обврска за реконструкција на уличното осветлување кое што го имавме во претходните години, рече Цветков.

Тој додава дека во буџетот за 2015 година планирани се и средства за отплата на заемите кои ги има општината.

Во штипскиот буџет нема зголемување во ставката за плати и за нови вработувања, а како што вели Цветков, кога се планира мора да се оставаат и резерви. Донациите годинава бележат намалување од цели 60 проценти, бидејќи општината веќе го реализираше едниот проект преку фондовите од Европската унија.

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега