Путин: Гасоводот до Македонија може да стигне преку Грција

Создавањето европски центар за распределба на гас на границата меѓу Турција и Грција, ќе зависи од европските партнери, а Русија е подготвена да работи во таа насока, изјави рускиот претседател Владимир Путин на денешната годишна прес-конференција, пренесува Република.

- Тоа не зависи од нас. Тоа во голема мера зависи и од нашите европски партнери. Сакаат да имаат стабилни, загарантирани и апсолутно јасни испораки на енергетски ресурси од Русија без никакви транзитни ризици? Прекрасно! Тогаш можеме да го обезбедиме тоа - изјави Владимир Путин.

 

Тој додаде дека тоа може да се реализира преку Грција во Македонија.

- Одлично, тогаш ние ќе работиме, може преку Грција да дојдеме и до Македонија, може натаму да влеземе во Србија, пак да стигнеме во Баумгартен (центар за гас) во Австрија. Ако не сакаат, нема - рече рускиот претседател.

Што се однесува до Турција, Путин изјави дека економијата на оваа држава забрзано расте и дека таа има зголемени потреби од ресурси.

 

- Сега Турците поставуваат прашање за испораки и во внатрешноста на државата. Зар можеме да ги одбиеме? Ние имаме договори околу цената и рокот на испорака. Ние знаеме за нивните потреби – додаде  Путин.

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа