Метеоролозите носат супер вести за викендов

Викендов кој ни претстои, повторно ќе донесе поубаво и потопло време на повисоките, планински места. Но, за разлика од минатиот викенд кој помина во сончево време на планините и двата дена, викендот пред нас ќе донесе подобро време во саботa, анализира специјализираниот портал за временска поргноза МетеоПро

Сабота ќе започне со релативно студено утро. Минималната температура ќе има вредност околу 0°С во поголем дел од земјава. Утрото ќе донесе и слаба магла и ниска облачност низ котлините, додека на повисоките места со мала облачност. 

Во текот на денот на повисоките места ќе има мала до умерена облачност, но со подолги сончеви периоди. Сонце ќе огрее и низ котлините, но замагленоста на небото останува и понатаму присутна.

Топло ќе биде во Гевгелискот регион, но и на повисоките места. Таму максималната температура ќе има вредност помеѓу 11°С и 15°С. Низ котлините каде ќе има магливо утро максималата ќе има вредност околу 9°С.

Во недела наутро, од север кон Македонија ќе се спушта облачна маса која е можно да донесе само краткотраен и слаб дожд. Она што ќе биде позначајно е ветровитото време. Ќе дува умерен северен ветер, локално и засилен. До крајот на денот облачноста значително ќе се намали.

Утрото ќе биде малку потопло во однос на сабота. Но, дневната температура во однос на саботната ќе биде пониска за околу 3°С до 4°С. Падот на температурата ќе биде поосетен на повисоките места, каде разликата со саботната температура ќе биде околу 6°С.

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега