Ристовски: Ги реформираме наставниците за повеќе знаење на учениците

Дали воведувањето лиценци за наставници е само проформа реформа или ќе донесе поквалитетни идни педагози? Дали навистина државниот испит е нов непотребен товар на македонските студенти или е искуство што се применува и во други држави? По дилемите и разните информации во јавноста во врска со воведувањето на државниот испит за студентите, како и за лиценцирањето на наставниците, строгите критериуми за тоа кој и како ќе ги воспитува и образува основците, „Дневник“ се обиде да дојде до објаснувања за тоа што содржат вистински реформите во образованието. Заменик министерот за образование Спиро Ристовски вели дека новите реформи практично се насочени кон наставниците во претшколската настава и во основните училишта, што ќе донесе ученици со подобри знаења, а со тоа и поквалитетни кадри во државата воопшто.

Лиценцирање

Една од најголемите реформи е воведувањето академија за наставници. Ристовски вели дека се работи за сосема нова државна установа, слично на онаа за судии и јавни обвинители и ќе биде услов за добивање лиценца за наставник, со која, пак, се обезбедува вработување во училиште. На академијата, како што објаснува заменик- министерот, ќе може да се пријави секој иден дипломиран студент произлезен од наставничките студии.

- За време на обуката државата обезбедува месечна стипендија во висина од просечната месечна нето-плата во земјата. На академијата ќе може да се пријават и веќе постојните наставници и тоа е особено стимулативно за

нив оти ќе им се зголеми платата за 3.000 денари. Kај учесниците со завршени студии на наставнички факултет програмата за обука трае осум месеци, и тоа три месеци теоретска настава, чија цел е да се развијат пошироки знаења од областа на педагошките науки, како и современите методи на работа, и пет месеци практична обука.

Kај учесниците со завршени студии кои немаат наставна насока програмата за обука трае 12 месеци, и тоа четири месеци теоретска настава и осум месеци практична обука – објаснува Ристовски.

Програмата за обука ќе ја подготвува посебен совет, во кој, меѓу другите, ќе членуваат и наставници од првите 50 највисоко рангирани универзитети во светот согласно со Шангајската листа.

Kвалитетни студенти за квалитетни наставници

Но, гаранцијата за квалитетни наставници нема да се обезбедува само со лиценца. Целосно ќе се реформира и начинот на кој ќе се студира на педагошките факултети.

- Услов за упис на наставнички студии ќе биде, прво, минимум 4,00 просечен успех од средно образование, а второ, приемен испит. Обезбедена е стипендија во висина од 50 отсто од просечната плата за најдобрите студенти за оние што ќе имаат просечен успех од најмалку 8,00 и ќе имаат положени најмалку 80 отсто од испитите во претходната година – вели Ристовски.

Сите педагошки факултети практично ќе имаат иста студиска програма изготвена од експертите поврзани со образованието и воспитувањето, а ќе се користи и стручната литература, што е во употреба на највисоко рангираните наставнички факултети во светот.

- Ќе има и практична настава во траење од најмалку 60 дена годишно во првите 2 години и 40 дена годишно во крајните 2 години

- Дипломската работа ќе содржи изработка и јавна одбрана на дипломски труд од научното поле на методика на наставата и писмен и устен испит од наставните содржини. На овие факултети професорите, покрај условите за да бидат избрани со такво звање, ќе мора да имаат познавање на англиски јазик - ниво Б2, како и најмалку 4

труда во меѓународни научни списанија во последните 3 години и труд во списание со импакт-фактор, односно два труда во последните 5 години. Предност ќе биде доколку лицето има постдокторски престој на првите 500 највисоко рангирани универзитети во светот. За постојните наставници ќе има дополнителен период од 3 години за да ги исполнат овие услови, со исклучок на редовните професори избрани вторпат и професори кои имаат 10 години до пензионирање – објаснува заменик-министерот за тоа какви кадри ќе образоваат идните педагози.

Повеќе држави со екстерно тестирање или државен испит

Воведувањето на државниот испит предизвика најмногу реакции во јавноста и меѓу студентите, но она што малку остана познато е дека вакви видови дополнително оценување на знаењето по дипломирањето постои речиси во половина свет. Така, оценување со посредство на надворешни оценувачи, вели заменик-министерот за образование Спиро Ристовски, постои во Данска, Ирска, Велика Британија, Австралија. Главно прописите за ваквото надворешно оценување се прави со акт на министерот за образование одредувајќи кои од актуелните професори ќе станат испитувачи, но често се користат и оценувачи-странци од блиските држави. Во Норвешка, Шведска, Австрија, Израел, Исланд, Грузија, Холандија, Бугарија, Хрватска, Финска, пак, во самиот закон се одредени критериуми за оценување при полагањето на испитите така што наставниците ќе подлежат на проверка согласно со ваквите критериуми. Завршен (државен) испит постои во Унгарија, Полска, Словачка и во Чешката Република.
Со завршниот испит се проверуваат и оценуваат знаењата, вештините и неопходните способности на студентот за да му биде доделена диплома заради што тој треба да ги докаже своите способности за примена на стекнатите знаења во пракса. Завршниот испит се состои од неколку дела: одбрана на теза (дипломска, магистерска), усни, писмени и практични испити. Завршниот испит го изведува завршен испитен одбор, кој има претседател и најмалку два члена

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега