За многу години Свети Нектариј Битолски

Општина Битола и преспанско пелагониската епархија денес го слават 18 декември, Ден посветен на заштитникот на градот Свети Нектариј Битолски.

Заедничката програма започнува со свечена духовна академија, а продолжи утрово со Божествена Литургија во храм Св.вмч.Димитриј во Битола. Претпладнево ќе има и свечана Литија со моштите на Св.Агатангел Битолски.

Според записите, Свети Нектариј Битолски потекнува од благочестиво битолско семејство. Свети Нектариј се замонашил на Света Гора и ги освети својата душа и телото, непрестано стекнувајќи секакви добродетели. Се упокоил во 1500 година. Неговите мошти биле откриени нераспаднати и положени во ковчег, во црквата на Јагарската келија, на Света Гора.

На иницијатива на општина Битола и преспанско-пелагониската епархија, стручни лица од градот, архитекти, убанисти и градежници изработија предлог проект за изградба на црква во централното градско подрачје посветена на патронот и заштитник Свети Нектариј Битолски.

 

 

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега