Густа магла ги покри патиштата кај Велес и Охрид

Без забрани и по претежно влажни патишта. Вака накусо може да се опише состојбата на сообраќајот на сите државни патишта во Македонија.

Видливоста поради густата магла е намалена и возачите повеќе од 100 метри, а на некои места и до 50 не можа да видат ништо. Особено опасни за возење се местата кај патните правци Плетвар,Велес-Скопје(Кула), Охрид, Страцин и Гостивар-крак Маврово. 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзината на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа