Белата чума коси во Македонија

Белата чума коси во Македонија. Државата е пред сериозен демографски предизвик. Нацијата старее, наталитетот се намалува, а се зголемува смртноста. 

Македонската жена раѓа едвај по две деца. Од ‘80-тите години во минатиот век, Македонија влезе во земјите со низок наталитет. Многудетноста која некогаш беше вообичаена, сега е далечно минато. Експертите алармираат- процесот што почнал со миграциите село град мора да запре, бидејќи жената од градот раѓа помалку од онаа на село, ама и сѐ помалку младите склопуваат бракови. Истовремено, се забележува раст на бројот на разводи, пишува Лидер.мк.

Од 27 илјади живородени деца пред 5-6 години, статистиката покажува дека веќе сега бројката е спуштена на 23-24 илјади… и тука некаде стагнира. Нашиот наталитет од 11,4 промили е понизок од голем број развиени земји во Европа. На пример Шведска има над 14, Франција и Исланд- 16.

Статистиката покажува дека на удар најмногу се Пелагонискиот, Источниот и Вардарскиот регион. Ако во ‘94 -та се родиле 31.421 бебе, лани на свет дошле само 23.568.

Падот на наталитетот во некои општини изнесува 60, 70 или 90 проценти- факт кој сериозно загрижува. На пример, Македонски Брод во 1962 година имаше 516 родени бебиња, а во 2013 година само 41 родено бебе. Тоа е фрапантен пад од 92 %.

Општина Берово во 1962 година имала 429 родени деца, а само 7.000 жители, а во 2013 година има одвај 105 родени, а 13.000 жители. Математиката покажува дека тоа е за 4 пати помалку.

И општина Струмица се соочува со огромен пад од 63%. Во 1962 година имала 1.872 родени деца, а во 2013 година само 685 бебиња.

Прилеп минатата година добил едвај 737 новородени бебиња, а во 1962 година имал дури 2.286. Се соочува со намалување за 68%.

Економската моќ не е пресудна за природниот прираст

Податоците на Државниот завод за статистика за третиот квартал од годинава, покажуваат дека бројот на родените во земјава пораснал за 1%, во споредба со истиот период од минатата година. Општините Чаир, Гостивар, Тетово со највисок наталитет. Потфрлија Карпош, Кисела Вода, Берово и Крива Паланка. Имаат најнизок наталитет и најголем минуси во природниот прираст во третиот квартал годинава.

naselenie-statistika-1-500

целиот текст прочитајте го на Лидер.мк.

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега