Ама ја зафркнал: Богат старец пред да умре ја исфрлил својата 26 години помлада сопруга од тестаментот
Богат старец од Франција кој се оженил со заносна русокоса девојка, ја исфрлил од тестаментот пред самата смрт.
68-годишниот Марсел Амфу од Франција се решил да ја исфрли својата 26 години помлада сопруга од тестаментот пред неговата смрт.
На селаните кои живееле во селото на овој богат старец не им било никогаш јасно ни зошто девојката се оженила за старецот, ни зошто прифатила да живее во куќа без вода и струја. Веројатно оваа Французинка се надевала дека ќе добие барем дел од богатството па затоа се согласила да биде со дедото, но не ни помислувала како тој ќе ја надитри.
Тој загинал во сообраќајна несреќа во автомобил кој го возела пријателка на неговата сопруга.