Пратениците со полни раце работа

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 25. седница.

На дневен ред се предлог законите за изменување и дополнување на  Законот за постапување со бесправно изградени објекти, Законот за заштита на културното наследство, Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба, Законот за административни службеници,  Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за Централен регистар, Законот за домување, Законот за угостителска дејност и Кривичниот законик, сите во прво читање.

Собранието ќе расправа по предлог законите за издавачка дејност, за одредување на видот и одмерување на висината на казната, за просторно и урбанистичко планирање и за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, сите во прво читање. 

По скратена постапка пред пратениците се предложени измени и дополнувања на Законот за електронските комуникации, Законот за процена, Законот за здравственото осигурување, Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и на Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

На дневен ред на седницата се ратификации на повеќе договори со владите на други земји, како и повеќе предлог одлуки меѓу кои за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан и Предлог програмата за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2015 година.

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега