Семинар за работа со деца со посебни потреби

Во Гевгелија денеска ќе се одржи семинар на тема „Примена на визуелни стратегии во работата со децата со посебни потреби во училиште“ чија цел е да ги информира и обучи наставниците да применуваат визуелни стратегии во работата со децата со посебни образовни потреби.

На семинарот, организиран во рамки на проектот „Програма за целосна социјализација на децата со посебни потреби во нивните заедници“ финасиран од Европската унија, предавачи ќе бидат  дефектолози од „Македонското научно здружение за аутизам“ докажани практичари со успеси во примена на соодветни методи, техники и инструменти во организацијата на работата со учениците со посебни образовни потреби во посебни и редовни училишта.

Во обуките ќе бидат опфатени теми поврзани со организацијата на просторот и времето, распоред, адаптација на надгледни средства, организација на времето за работа и игра, адаптација на наставните часови според развојното ниво на децата преку нагледни средства и примена на ИКТ во наставата кај учениците со посебни образовни потреби.

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега