Снег во Македонија - проверете каде вее во моментов

Слаби снежни врнежи попладнево на повеќе локации во Македонија. На планините во западниот дел на Македонија, снег и магла има на Шар Планина. На врвот Попова Шапка има мала снежна покривка, која се уште не ги задоволува условите за старт на скијачката сезона. Мала снжна покривка и на Маврово. Таму во моментов не вее снег.
Снежни врнежи се регистрираат и на планинскиот превој Стража, а внрежи со послаб интензитет има на одредени места во Кичево. На другиот кран на Македонија послаб снег има кај метеоролошката станиц во Ѓуриште и на поисоките места на патот Куманово - Свети Николе.
Слаб снег и на планинискиот превој Плетвар.
Температурите низ Македонија во моментов се движат од 2 степени во Кичево и Прилеп, 3 во Кочани, Виница, Тетово и Гостивар, 5 во Скопје до 7 степени во охриско-струшкиот регион.

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега