Македонија го одбележува денот на човековите права и слободи

По повод Меѓународниот ден на човековите права и слободи  - 10 Декември, Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска во Театар Комедија организира мултикултурна манифестација „Македонија наш дом“.

На манифестацијата со ревијален карактер, претставници на сите етнички заедници во Македонија ќе го претстават културното, фолклорното и  историското богатство на заедницата на која и припаѓаат. Предвидени се настапи на културно – уметнички друштва, вокални ансамбли, актери, солисти и естрадни уметници.  

Најавени се обраќања на директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Весна Бабиќ Петровски и на амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Ралф Брет. 

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа