Битолската полиција го одбележа денот на превенцијата

 

СВР-Битола денеска го одбележа 9 декември, Денот на превенцијата во полицијата, востановен во 2008 година. Според востановената традиција во СВР-Битола беа поканети да гостуваат децата од детските градинки кои беа запознати со работата на полицијата и грижата за безбедноста во градот. 

- Во полициската станица-Битола престојуваа деца од детските градинки „Кокиче“ и „Качунка“ и притоа остварија средба со полициски службеници од општа надлежност, превенција и сообраќај. Децата беа запознати со работата на полицијата, начинот на преминување улица, полициски возила и друго, но исто така им беше нагласено да не се плашат од полиција, бидејќи таа е нивниот пријател и може секогаш да им помогне ако се во неволја, истакна Магдалена Димитровска, претставник на СВР-Битола.

На најмладите битолчани, денешни гости во СВР-Битола им беа доделени скромни подароци, а на воспитувачките им беше претставен прирачникот „Реонскиот полицаец советува“ кој се користи за советување и поучување на децата од страна на полициските службеници.

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега