Внимателно возење: Снег на патот Крива Паланка - Деве Баир, густа магла во Крушево

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози. Слаби врнежи од снег се бележат на патниот правец Крива Паланка - Деве Баир, кај Страцин, Попова Шапка и Павлешенци Појава на магла со видливост до 50 метри има во Крушево, информира Македонија пат.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија - Удово и Катланово-Велес.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината кон условите на патот.

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега