Метеоролозите носат лоши вести за утре

Недела го продолжува трендот на топло декемвриско време. Иако ќе биде претежно облачно, сепак дожд ќе има во мал дел од земјава и тоа пред се во северозападниот крај, како и во планинскиот регион од источниот крај. Во дел од котлините наутро е можна сосема слаба магла. Во јужната половина од земјата ќе има поголема веројатност за повремени сончеви периоди. 

Нема да има поголеми температурни варијации во однос на сабота.

Минималната температура ќе има вредност околу 8° низ котлините, а на повисоките места околу 5°С.
Максималната температура во Македонија ќе има вредност околу 12°С низ поголем дел од котлините, а на југоисток и до 15°С. Топло ќе биде и на повиските места каде максималната температура ќе има вредност околу 9°С.

 

 

Оцени ја веста

06.12.2014 - 22:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега