Премиерот на Турција допатува во Атина

 

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу допатува денеска во дводневна посета на Грција, поради што во Атина се зајакнати мерките за безбедност и на ограничено време се забранети протести.

Во поширокиот центар на Атина забрането е одржување демонстрации, а таа мерка важи до утре до 15 часот, кога турскиот премиер ќе ја заврши посетата.

Давутоглу допатува со делегација бизнисмени и девет министри, меѓу кои се министрите за надворешни работи, економија, енергетика, внатрешни работи и царина.

Подоцна во текот на денот тој ќе се сретне со грчкиот премиер Андонис Самарас, и со претседателот Каролос Папуљас. Предвидена е и средба со Турци кои живеат во Грција и со членови на муслиманска заедница.

Давутоглу ќе присуствува и на третиот состанок на Советот за соработка на Грција и Турција.

Посетата на турскиот премиер се совпаѓа со утрешната годишнина на убиството на тинејџер во Атина. Убиството, кое пред шест години го изврши полицаец, предизвика масовни протести и нереди.

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега