Претседателот на Олимпијакос уапсен- местел натпревари

Претседателот на грчкиот тим Олимпијакос, Евангелос Маринакис е уапсен заедно со уште 15 лица кои се сомничат дека учествувале во местење на натпревари и други незаконски работи.

Овој случај е истражуван неколку месеци, а потоа бил поднесен извештај за 16 осомничени лица, меѓу кои се наоѓаат членови на Фудбалскиот сојуз на Грција, двајца клупски челници, потоа две лица од врвот на судиската организација, тројца судии и пет лица од различни фудбалски дејности.

Седум лица се обвинети за водење и учествување во криминалната организација, за организиран криминал, измама, корупција, изнуда, закани со физичко насилство, местење на натпревари.

Истрагата е базирана на натпревари одиграни во последните три години.

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа