Шлемот го спаси министерот: Отидов во црква и запалив свеќа

Министерот за енергетиката на Србија, Александар Антиќ вчера за малку ќе настрадаше во општината Мајданпек кога голем мразулец го удри по глава кој за среќа остана жив поради шлемот кој го носеше на себе.

- Мислам дека на најдобар можен начин видовте каква е ситуацијата овде и какви се условите за работа, бомбардирање со мраз, смрзнати столбови и дрва, јас имам огромно почитување спрема овие луѓе, искоментира министерот по инцидентот.

Од силниот удар врз министерот шлемот му падна на земја и директорот на Електомрежата во Србија извикал.

- Човече, шлемот ти го спаси животот, изјавил директорот.

Исто така за српски Курир министерот  додал веднаш по инцидентот заминал во црква да запали свеќа. 

Тој на социјалните мрежи им се заблагодари на сите кои се грижеа за Антиќ

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега