Тачи: Косово набргу ќе стане дел од ОН

„Ве повикувам да го признаете напредокот на Косово. Новата реалност бара храброст да се отворат нови односи помеѓу ОН и Косово. Уверен сум дека тоа набргу ќе се случи и дека Косово ќе стане рамноправен член на семејството ОН“, рече косовскиот премиер Хашим Тачи на седница на Советот за безбедност при ОН.

Тој исто така наведе дека Косово се трансформирало, благодарение на дијалогот со Србија и историските бриселски договори и се заблагодари на Србија за храброста и посветеноста за нормализација на односите.

Според неговите зборови, северниот дел на Косово бил константана точка на кризата и можни ескалации на насилство и неизвесност, како и дека косовските Срби не и веруваат на владата во Приштина.

Меѓудругото Тачи додаде дека оваа година била „време на бетонирање на територијалниот интегритет на Косово“.

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега