Економист: Србија и Хрватска на дното на светот

Меѓу 15-те набавнорастечки економии на светот во 2015 година ќе се најдат Србија и Хрватска, според прогнозите на магазинот Економист.

 

Без структурни реформи, Хрватска ќе остане и понатаму на европското дно, предупредуваат од овој угледен лондонски магазин.

 

И не само за наредната година, Економист предвидува дека Хрватска може да остане една од најслабите европски економии во периодот меѓу 2015 и 2019 година.

Имајќи во предвид дека во Храватска за една година ќе има избори, реформските процеси повторно ќе се одложат, предвидуваат во Економист, со напомена дека било која фундаментална реформа, ефектите ги дава за неколку години. Аналитичарите на магазинот за Хрватска предвидуваат раст на БДП од 0,5 во 2015 година.

За Србија се прогнозира раст на БДП од еден отсто, а најголем проблем е високиот јавен долг и реструктуирањето на јавните претпријатија.

 

На самото дно на листата најлоши економии во идната година се најдоа Украина и Екваторијална Гвинеја.

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа