Пресврт во трагедијата која ја потресе Србија

Покренати се кривични пријави поротив 57-годишниот такси-возач Стеван Царевиќ и против непознатиот возач на црниот џип поради сообраќајната несреќа во која загина 28-годишната Марија Милешиќ.

По непознатиот возач на џипот се уште се трага. На Марија во понеделникот налета возачот на џипот, а потоа и такси возачот кој бил зад џипот. Марија во моментот на несреќата ја поминувала улицата за да купи цигари. Таа работела како келнерка во кафеаната Кристал од каде поминувала улица.

- Не ја видов жената ниту кој ја удри. Само налетав на жената која веќе лежела на асфалтот, рекол таксистот.

Семејството на таксистот не сакал да ја коментира кривичната пријава, а неговите колеги изјавиле дета Стеван бил тивок и повлечен човек и никогаш не бил проблематичен.

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега