Србија под мраз Бугарија во вода - Македонија влегува во жолта фаза

Две реки се излеаја од своите корита во реонот на градот Димитровград во јужниот дел на Бугарија, а поради поплавите затворен за сообраќај е и граничниот премин "Капитан Андреево" на бугарско-турската граница, јави БТА. 

Локалните власти во Димитровград соопштија дека во текот на ноќта спроти четврток се излеале реките Мартинка и Меричлерска Прељаха, при што се поплавени приземните катови и подрумите во делови на градот и во местото Меричлери. 

Во соопштението се посочува дека засега нема евакуирани во поплавените подрачја и дека нема опасност по животите на луѓето.  Српскиот град Мајданпек, пак, кој најсилно е погоден од студот, повторно е без струја поради нови оштетувања во преносната мрежа, јави Танјуг. 

Сите интензивно работат на решавање на проблемот, изјави за агенцијата Наташа Јаковљевиќ, портпарол на Електродистрибуција на Србија.  Во Мајданпек по речиси три дена беше обновено снабдувањето со струја, но тоа кратко траеше. Граѓаните од понеделникот од 17 часот беа без струја, вода и греење поради оштетувања на далноводи по ледениот дожд и силниот ветар. 

Министерот за енергетика Александар Антиќ изјави дека е лоциран проблемот во електричната мрежа.  - Го лоциравме проблемот на околу еден километар од Мајданпек на патот кон Костолац. Тоа е многу непристапен терен и екипите моментно се пробиваат кон точката на прекинувањето на дистрибуцијата на електрична енергија, изјави тој за Б-92.

 

Од утре Македонија влегува во жолта фаза на предупредување поради опаснот од дожд. Врнежите се очекуваат во вечерните часови. На некои места се очекува да наврнат и до 30 литри на метар квадратен.

 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 23:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега