Над половина од Грците се подготвени да работат во странство

Над половина од Грците се подготвени да работат во странство, ако им се даде шанса, но не поради поголемата плата, туку поради сигурна работа и можност за професионална реализација, покажува истражување на пазарот на трудот во светски рамки, изработено од консултантската компанија Бостон груп. 

Околу 55 отсто од испитаните Грци изјавиле дека се подготвени да работата во друга држава. Сепак, овој процент е помал од просект, што изнесува 64 отсто.

Три држави во кои најголем број Грци изразиле желба да работат се Англија, Швајцарија и САД. 

Изненадувачки, но висината на платата е последно на спискот со десет причини поради кои Грците сакаат да работат во странство. Пред добра плата се оценките за природата на работата и како работата се комбинира со приватниот живот. 

 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега