Неуспешен обид за убиство на албански новинар во Тирана

 

Новинарот-уредник на албанската телевизија „Њуз 24“, Артур Чани синоќа бил нападнат од непознато вооружено лице кое вперило пиштол во него, но кога се обидело да пука, оружјето блокирало.

Според телевизијата, маскираниот маж со пиштол со пригушувач го чекал Чани во влезот на зградата во која живее и се обидел да му пука во грб.

Чани изјави дека тој и не забележал ништо кога влегол во зградата, но почуствувал дека некој е зад него, веднаш влегол во лифтот и заминал дома.

Момче од истата зграда видело три лица како бегаат и по прегледо на снимката од безбедноста камера на која се видел обидот за убиство, ги известило Чини и полицијата.

- Со никого немам никакви нерасчистени односи. Дури не сум се ни скарал со никого. Најверојатно ова е поради емисијата „Кактус“ која има истражувачки карактер. Деновиве поради закани еден новинар се откажа од работата во емисијата. Но, мене не може никој да ме заплаши, јас останувам тука, изјави Чана.

Полицијата нема официјални информации за мотивите за нападот, ниту за сторителите. На местото на настанот пристигнал и директорот на тиранската полиција Ардиан Чипа. 

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега