Крв на сите страни - ја убил газдарицата па си седнал во кафеана

46-годишниот Горан Станиќ од Чачак вчера ја усмртил 82-годишната Мила Симиќ, сопственичката на куќата каде живеел, на идентичен начин како што пред 13 години си ја убил сопругата. Насилникот со нож ја искасапил газдарицата, а по крвавиот злочин отишол и се веселел во кафеана.

- Старицата имаше повеќе убоди од нож во телото и вратот. За жал починала на лице место. Имаше крв на сите страни. Откако убиецот беше уапсен го призна делото. Изјавил дека се скарал со старицата, па извадил нож, по што ја усмртил на брутален начин, велат извори од полицијата за српскиот Курир и додава дека кога убиецот ја давал изјавата бил во видно алкохолизирана состојба.

СОседите за старицата велат дека била добра и мирна жена која не згрешила никому. 

Инаку, пред 13 години Горан си ја заклал и сопругата, по што си ја одлежал казната и се лечел од зависност од алкохол.

 

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега