Николовски постави прашање до Груевски за државниот испит со цел спречување на дезинформациите на студентите

На  денешната седница за поставување пратенички прашања пратеникот од Пратеничката група Александар Николовски, постави три пратенички прашање кои како што нагласи  произлегле од редовните средби со граѓаните.

Николовски упати прашање до Претседателот на Владата Никола Груевски, со кое побара подетални информации за темата која е актуелна деновиве а тоа е полагањето на државен испит. Тој побара да се објасни постапката за државен испит, на кој начин би се спроведувал и што би се добило односно кои се бенефициите од овој испит. Николовски нагласи дека ова прашање го поставува со цел да се спречи ширењето на дезингормации и манипулации со студентите.

Груевски во својот одговор посочи дека постои сериозна разлика помеѓу екстерното тестирање и полагањето на државен испит.

-Преку државниот испит целта е минимум знаење на студентот за разлика од екстерното каде што фокусот е кај наставниците. Целта е преку овој државен испит да се види дали студентот поседува преодно знаење за шестка  и доколку нема да се натера студентот да го научи тоа што го пропуштил. Државниот испит не се фокусира со работата на професорите туку на самите студенти, рече премиерот.

Груевски за пример ги зема земјите како Полска, Чешка, Словачка, Унгарија како примери на земји кои имаат воведено ваков државен испит кој успешно се спроведува долги години. Тој посочи дека полагањето на државен испит ќе биде обврска на студентите кои што ќе се запишат од следната година, и првото полагање се планира да биде по завршувањето на испитите од прва и втора година. Со овој систем ќе бидеме сигурни дека студентот има барем минимално знаење со својата диплома.

Александар Николовски исто така упати прашање до Груевски за подетални информации околу странските инвестиции во охридско - струшкиот регион како и за најавената германска инвестиција на компанијата ОДВ Електрик која веќе реши да инвестира во ТИРЗ Охрид -Струга.

Груевски околу оваа тема одговори дека Владата напорно работи за создавање на услови за отварање на нови работни места. Во овој регион освен најавената инвестиција на ОДВ Електрик која треба да вработи околу 1000 луѓе и е влезена како браунфилд инвестиција, исто така тие започнаа со регрутирање на вработени но и се планира изградба на нова фабрика. Груевски најави дека уште една германска компанија за производство на авто - делови решила да инвестира во овој регион , но сеуште не може да го објави името бидејќи компанијата сеуште нема решено дали ќе влезе како браунфилд инвестиција во просториите на ЕМО Охрид или ќе градат нова фабрика во ТИРЗ Охрид - Струга.

Третото прашање Александар Николовски го постави до Заменик  министерот за Транспорт и врски  со што побара подетални информации до каде е изградбата на автопатот Кичево - Охрид.

Заменик министерот во својот одговор кажа дека се работи во подготвителните активности на трасата односно се пробиени веќе 25% . Отпочнати се подготвителни активности за пробивање на тунелот, како што се решени и имотно правните односи околу локацијата на кампот. По јавените проблеми со оптичките кабли во фаза е потпишување на договор со Телековм за поместување на оптичките кабли како би можеле да продолжат градежните активности за изградба на автопатот Охрид - Струга.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 14:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега