Попоски утре на средба со амбасадорите на ЕУ во Брисел

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во петок ќе учествува на работен појадок со постојаните претставници - амбасадорите на земјите членки на Унијата во Брисел, чиј домаќин ќе биде постојаниот претставник на Унгарија при ЕУ, а ќе учествуваат и високи претставници на Европската комисија (ЕК) и Европската служба за надворешни работи.

 

На средбата ќе се разменат мислења за перспективите на Македонија за почеток на пристапни преговори и за начините за нивно ефектуирање на претстојните состаноци на Советот за општи работи на ЕУ и Европскиот Совет во декември.

 

 

Во работните групи на Советот на ЕУ, каде членуваат претставници на земјите-членки, отпочнат е процесот на усогласување на заклучоците на Советот по препораките од овогодишните извештаи на Европската комисија за напредокот во процесот на пристапување на земјите-кандидати и потенцијални кандидати.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 14:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега