Нови лаборатории на Медицинскиот факултет во Тетово

Лаборатории за патофизиологија, имонологија и за научни истражувања беа отворени денеска на Медицинскиот факултет  при Државниот универзитет во Тетово.

Ректорот на ДУТ Вулнет Амети истакна дена отворањето на овие лаборатории е во рамки на одбележување 20 годишнина од формирањето на универзитетот. - Ова е важен ден за нашиот Универзитет бидејќи овие лаборатории ќе им служат на професорите, асистентите и студентите за теоретскиот и практичниот дел до наставата,  а научно-истражувачката лабораторија ќе ја користат и магистрантите и докторантите, рече ректорот Амети. 

Според деканот на Факултетот за медицина при ДУТ, Насир Беџети,  новите лаборатории располагаат со најсовремена медицинска опрема и апаратура  со кои се заокружува овој дел од предклиничките предмети. Беџети најави дека во следниот перидо ќе продолжи набавката на нова современа опрема што ќе се користи како за потребите на студентите и професорите така и за пацинетите од Тетовската клиничка болница каде се сместени.

На денешната свеченост во Тетово присуствуваа и ректорот на Универзитетот во Тирана проф. д-р Дори Куле како и повеќе други професори од медицинските факултети во Тирана и Приштина.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 14:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега