ССК го поддржа моделот за породилни отсуства и боледувања

Сојузот на стопански комори на Македонија денеска ја поддржа одлуката на Фондот за здравствено осигурување за избраниот модел за исплата на породилни отсуства и боледувања.

- На работниот состанок во октомври годинава, на кој ФЗОМ одржа презентација на проектот „Побрза исплата на породилните надоместоци и боледување“, компаниите членови на ССК, го поддржаа проектот и новините кои од технички аспект ќе ја подобрат и олеснат работата на компаниите. Со намалување на административните процедури и документација, која во најголем дел се предвидува да биде електронска, ќе се заштеди време и ќе се постигне крајната цел на проектот – задоволни граѓани, изјави претседателката на Комората, Данела Арсовска.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 13:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега