Студентите ќе даваат предлози и идеи за концептот државен испит

Министерството за образование и наука и Владата на Република Македонија изминативе неколку денови транспарентно и експлицитно ги појаснија поголем број од деталите  и недоразбирањата кои се појавија околу јавно изнесената идеја за имплементација на државниот испит.

Заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски истакна дека МОН по добивање на “зелено светло“ од Владата, ќе го достави првиот предлог-нацрт текст на овие закони.

-Истите тие закони ќе бидат понудени на една комплексна јавна расправа во која ќе бидат вклучени сите заинтересирани субјекти- студенти, универзитети и други кои ќе пријават интерес. Конечно, финалното решение и финалниот текст на законот ќе биде подготвен по завршување на таа јавна расправа, рече Ристовски и додаде дека во ниту еден момент нема да утврдат  текст на закон кој нема да биде на јавна расправа, а истиот ни најмалку нема да задира во автономијата на Универзитетите.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 12:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега