Само еден македонски град денеска му се радуваше на снегот

Кратово е единствениот град во Македонија кој оваа година виде снег. По првите врнежи во октомври, утрово кратовчани повторно имаа поглед врз побелените покриви. Иако врнежите биле многу слаби, сепак за одбележување е дека тоа е речи си единственото место во земјава каде што можеше да се види снег. 
На планините ситуацијата не е ништо поразлична. 
На Попова Шапка речи си и да нема снег освен на повисоките врвови на Шара. 

Слично е и на Кожуф, каде по наврнатите 50 сантиметри во октомври, сега повторно фали снежна покривка.

Прогнозите велат дека во градовите првите услови за снежни врнежи ќе се создадат на почетокот од наредниот месец, но со оглед на високите тмеператури, не се очекува формирање на снежна покривка и нејзино задржување

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 12:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега