Нина Бадриќ: Од Тоше научив како се сака Македонија!

Мене Тоше Проески ме научи да ја сакам Македонија. Немав дојдено овде. Потоа сфатив- колку што Тоше беше совршен, толку е прекрасна неговата и ваша земја, истакна Нина Бадриќ во интервју за Курир.

-Тој беше вистински претставник на овие простори. Како топла, срдечна личност. Беше искрен, во него немаше ни малку поквареност. Тој не глумеше, не се обидуваше да стане насилно симпатичен. Тоше имаше своја аура. Тоа беше еден специфичен дечко кого го запознав во Хрватска. Си помислив „Господе, кој е овој човек што ти се насмевнува прв пат кога ќе те види, како да го знаеш 100 години“. Сите го сакавме Тоше, рече Бадриќ за Курир.

Нина додава и дека сфатила дека сите Македонци се топли и срдечни луѓе.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 13:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа