АМС со кампања за откривање на уметничките потенцијали кај младите

Агенцијата за млади и спорт почна со кампања за откривање на уметничките потенцијали кај младите. Кампањата почна со објавување конкурс на кој млади уметници на возраст од 15 до 29 години може да достават дела во дисциплините сликарство, скулптура, графика, графички дизајн и фотографија.
 
Делата, соопшти Агенцијата за млади и спорт, треба да кореспондираат со современите ликовни практики и протоколи, а тематските и идејните содржини треба да се исклучиво поврзани со рецентното индивидуално творештво на авторите од последните две години и да имаат изразен ликовен ракопис и креативни достигнувања. 
 
Од пристигнатите дела, најдобрите уметнички дела во секоја категорија ќе бидат наградени со 40.000 денари. Кампањата ќе заврши со организација на изложба од пристигнатите дела од конкурсот, која ќе се реализира на почетокот од 2015 година.
 
Реализацијата на конкурсот има за цел да ги поддржи и стимулира младите во продуцирањето на современото уметничко творештво, но и да направи пресек на современото уметничко творештво на најмладата генерација визуелни уметници. Конкурсот го има на интернет страницата на Агенцијата за млади и спорт, стои во соопштението. 
 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 13:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега