Не можел да поднесе дека сопругата имала љубовник - убиецот од Злетово редовно го тепал

Драганчо Манаилов, човекот кој уби три лица во Злетово а потоа си го одзеде животот со бесење не можел да помине преку тоа што неговата сопруг имаа љубовник. Извори од истрагата за Press24 откриваат дека од трите случаи во кои Драганчо бил пријавуван за насилство, само еднаш, во 2013 година ја нападнал сопствената сопруга. Во двата случаи во кои бил пријавуван оваа година Манаилов го претепувал љубовникот на сопствената сопруг.
Споед првичните и се уште неофицијални информации, покрај родителите на сопствената сопруга, Манаилов утрво го застрелал и чичкото на нејзиниот љубовник.
Неверството во овој случај најверојатно е причина за трагедијата која однесе 4 животи.
Драганчо Манаилов, според информациите добиени од оние кои го познаваат воопшто не бил насилсен човек. Сите се шокирани од фактот дека тој убил тројца бидејќи како што велат, никогаш не наликувал на човек кој е способен за такво нешто.
Откако ги убил трите лица, тој дошол во сопствениот дом каде што била неговата сопруга заедно со нејзиниот брат. Драгачно не пукал туку почнал расправија со братот на неговата жена која брзо прераснала во тепачка.
Во тешачката шурата му ја одзел пушката по што Драганчо со својот автомобил се дал во бегство. Куќата во која живееле била блиску до куќата во која тој ги убил родителите на својата сопруга. Неговата жена веднаш ја алармирала полицијата.
Драганчо побегнал до една блиско бачило каде си го одзел животот со бесење.
Армијата потврди дека тој бил во редовен работен однос како професионален војник и дека никогаш не бил проблематичен. Против него не се водела никаква дисциплинска постапка во армијата а редовно ги поминувал и психофизичките тестирања. Последното му било направено викендов пред да замина на стража во Куманово од каде се вратил и го извршил убиството. 

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 13:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега