Првпат седнал зад воланот и ги убил пријателите: Милош и Немања ќе бидат погребани денeска, Анастасија утре

Деветнаесет годишниот Душан Јовановиќ кој управуваше со БМВ-то кое во саботата летна во водите на Дунав, како што пренесува „Новости“ неколку часови пред трагедијата која ја потресе Србија за првпат седнал зад воланот и ги однесе во смрт своите пријатели.

Тој се уште немал возачка дозвола, ги положил само сообраќајните тестови, а во кобната вечер возел под дејство на алкохол.

 

Во несреќата починаа Немања Антиќ (18), Анастасија Стајиќ (16) и Милош Јанковиќ (20) а полесно повредени се Лука Вишниќ (18) и Милица Јокиќ (18). Пијаниот возач Душан Јовановиќ (19) помина без повреди.

 

Немања и Милош денеска ќе бидат погребани денеска, додека 16-годишната Анастасија до вечното почивалиште ќе ниде испратена утре.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 13:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега