Кривична пријава за градоначлник на ВМРО-ДПМНЕ

СВР Велес поднесе кривична пријава против Г.П. (44) од село Еловец, градоначалник на општина Чашка, поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Како што информира МВР, Г.П. искористувајќи ја својата службена положба во 2011 година во својство на градоначалник и овластено лице на општина Чашка поднел барање за легализација на диво изграден објект - планинарски дом Чеплес, иако знаел дека согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти, барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект поднесува имателот на објектот, што тој никогаш не бил.

- Тој решавал по барањето, постапувајќи спротивно член 6 од Законот за постапување со бесправно изградените објекти, каде во содржината на барањето за утврдување правен статус во став 2 е предвидено барателот да достави доказ за приклучок на комунална инфраструктура или сметки за јавни услуги кои тој никогаш ги нема платено затоа што не бил ни имател ни корисник на објектот. Со изјава заверена на нотар дека објектот е изграден пред стапување на законот во сила во 2011 година, Г.П. го легализирал објектот, го впишал во катастар на Р.Македонија по што го отуѓил. Со наведеното, пријавениот на Планинарско-спортското друштво „Солунска глава“ му нанел штета во износ од 4.058.566 денари, соопшти МВР

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 12:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега