БиХ е преполна со терористи

 

 

На светската мапа што ги прикажува државите во кои е највисок ризикот од тероризам Босна и Херцеговина се најде на неславната 86 позиција, најлошо место во споредба со државите од  опркужувањето, и една од најлошите во регионот, пишуваат денеска „Независне новине“.

Во извештајот на австралискиот Институт за економија и мир, што го пренесува порталот „Бизнис Инсајдер“, Хрватска е на 105, Србија на 89, а Црна Гора на 87 позиција.

Пошироко гледано, Словенија е на 124, Албанија на 107, а Косово (кое се третира како држава) се наоѓа на 54 место, од вкупно 162 земји кои се најдоа во извештајот.

Безбедносни експерти наведуваат дека има многу аргументација за тоа дека БиХ е најначичканото терористичко легло во однос на „соседите“, и потсетуваат дека стотици државјани на БиХ се борат на странските боишта, како Ирак и Сирија, на пример.

Безбедносниот експерт Зоран Драгишиќ наведува дека е сосема јасно зошто БиХ, пред се заради многу лошото историско искустви, покрај Косово и Албанија, е најмногу изложена на тероризмот.

- Се зборува дека повеќе од 350 граѓани на БиХ заминале за Сирија и Ирак и се борат на страната на ИД, додека бројот на граѓани кои се со потекло од БиХ, а кои преку западните земји заминале во  џихад, се уште не е утврден, вели Драгишиќ и додава дека сето тоа се показатели дека БиХ е загрозена земја.

Експертот предупредува дека овие луѓе, кога ќе се вратат во БиХ, и натаму ќе ги шират екстремните идеи и истакнува дека не е без основа таквото мапирање на регионот и дека против оваа опасност може да се борат само заедно, бидејќи современиот џихадистички тероризам не познава државни граници.

Порталот „Бизнис Инсајдер“ предупредува дека во 2013 година бројот на убиени во терористичките напади ширум светот нараснал за дури 61 отсто во однос на 2012 година.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 12:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега