Ставрески во Чешка на покана на неговиот колега Бабиш

Првиот човек за финансии Зоран Ставрески од денеска е во работна посета на Чешка. 

Ваквата средба е на покана на чешкиот вицепремиер и министер за финансии Андреј Бабиш. 

На средбата е планирано да се разговара за соработката меѓу двете земји од областа на економијата и можноста за нејзино унапредување.

Ставрески, како што соопшти денеска Министерството за финансии, заедно со директорот на Агенцијата за странски инвестиции Климент Шеќеровски на бизнис форум ќе ги презентираат можностите за инвестирање во Република Македонија пред компании од областа на градежништвото, автомобилската, хемиската индустрија и од други сектори.

Бизнис форумот кој ќе се одржи денеска во Прага е во организација на Стопанската комора на Чешката Република. 

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 12:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа