Папата Франциско сака силна Европа и се залага за земјите од Балканот да станат дел од ЕУ

 

Во говорот пред европратениците кои го поздравија со долг аплауз, папата Франциско поздравен претходно од претседателот на ЕП, Мартин Шулц уште на почетокот потсети дека неговата посета доаѓа речиси четврт век по таа на папата Јован Павле Втори, период за време на кој многу нешта се изменија во Европа и светот, цитирајќи притоа дел од говорот на Јован Павле Втори, јави дописникот на МИА од Стразбур.

- Свеста за својот идентитет е потребна за дијалог на проспективен начин со земјите кои побараа да влезат и станат дел од ЕУ во иднина, рече папата залагајќи се за иднината на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

- Мислам пред се на оние земји од балканскиот простор за кои влегувањето во Европската Унија може да одговори на идеалот за мир во еден регион кој многу страдаше во конфликтите од минатото, нагласи папата Франциско пред европратениците.

Светот денес според папата е многу помалку „евроцентрик“. На широката Унија изгледа сега и се додава нова слика на една малку остарена и компримирана Европа, која се чувствува помалку протагнист.

Тој притоа до европратениците испрати порака на надеж и охрабрување.

- Тешкотиите можат да станат промотори на единството, за да се победат сите стравови низ кои минува Европа заедно со целиот свет. Надеж во Бога кој го претвора злото во добро, и смртта во живот, порача папата Франциско.

Тој притоа ги повика да се вратат на цврстите убедувања на основачите на ЕУ, кои посакуваа иднина втемелена врз капацитетите да се работи заедно за да се надминат поделбите и да се фаворизира мирот и заедништвото меѓу сите народи на континентот.

Во центарот на овај политички проект беше довербата во човекот, не како граѓанин, ни како економска тема, тука како човек со личност со трансцендентна достојност.

Достојноста во сите нејзини форми, кои се неповредливи посебно поради желба на некои или поради профит на економски интерeси.

Трансцендентноста според папата е да се дистанцира доброто од злото. Осаменоста според папата е најраширената болест во Европа. А потоа егозимот и живеењето во раскош кој е неподнослив и често рамнодушен кон најсиромшаните.

Според папата, големите идеали кои ја инспирираа Европа изгледа дека ја изгубија нивната сила на атракција, во полза на бирократската техника на нејзините институции.

Папата Франциско се обиде да даде одговор на прашањето како да се даде надеж во иднината, за да младите генерации ја најдат повторно довербата со цел да го продолжат идеалот на обединета, мирна и креативна Европа која ги почитува правата свесна на своите обврски.

Тој притоа за пример ја даде фреската на Рафаел во Ватикан, која ја претставува Школата од Атина. Во центарот се наоѓаат Платон и Аристотел. Првиот покажува со прстот горе, кон светот на идеите, ние можеме да кажеме кон небото, другиот ги пружа рацете на напред, кон тие кои гледаат в земја на конкретната реалност.

„Ако Европа не успее повторно да се отвори на својата трансцендентна димензија за животот, Европа полека ќе ја изгуби душатам како и ‘хуманиот дух’ која таа го сака и брани.“

Бранењето на демократијата денес е најголемиот предизвик. Историјата ни поставува предизвик.

Папата во својот говор пред ЕП се осврна и миграциите и имиграцијата со Средоземјето кое се претвори во гробишта, бидејќи тие луѓе имаат потреба од поддршка. Потоа достојноста на трудот, потсетувајќи дека на заштитата на природаната средина,„ние сме чувари, а не сопственици на земјата“, рече тој, инсистирајќи и на заштитата на религиозните малцинства.

На крајот папата порача дека е дојдено времето да се напушти идејата за една Европа „уплашена и повлечена во себе си“, да се промовира една Европа „проганист, носител на наука, уметност, музика, човечки вредности и верба.“

„Европа која го гледа небото и ги продолжува идеалите, Европа која гледа, брани и го заштитува човекот, Европа која оди на солиден и цврст пат, скапоцена референца за целото човештво“, заврши папата Франциско пред европратениците.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 12:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега