Исламистичка терористичка организација зазема уште еден град во североисточна Нигерија

 

 

Исламистичката терористичка организација Боко Харам зазеде уште еден град во североисточна Нигерија, проширувајќи ја својата контрола во регионот, соопшти ДПА, повикувајќи се на локалниот весник „Дејли траст“.

Тешко вооружените бунтовници на Боко Харам, маскирани како трговци и со скриено оружје во кутии со трговски стоки, упаднале во градот Дамасак, во државата Борно. Градот го зазеле вчера, по жестоките борби сонигериските војници. Засега не се знае бројот на жртви, но според локалните власти во судирите имало десетица убиени лица.

Нигериските војници, со дел од наслението, побегнале од градот и засолниште побарале во соседен Нигер.

Минатата недела исламистите од Боко Харам убија околу сто лица, во одделните напади врз градовите Мафа и Кукава, во државата Борно.

Од почетокот на годината тие во северниот дел на Нигерија убиле над 3.000 лица.

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 12:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега