Индонезискиот претседател им препорачал на министрите да не одат на седниците на парламентот

 

 

Индонезискиот претседател Јоко Видодо потврди дека дал согласност од неговиот кабинет до министрите да се испрати писмо во кое тие се советуваат да не одат на седници на парламентарните комисии. Ваквата одлука на Видодо, кој претседателската функција ја презеде на 20 октомври годинава предизвика гнев на раководството на Парламентот во кој „црвено-белата коалиција“, што беше противничка страна на претседателските избори сега има мнозинство.

Потпретседателот на Парламентот Фадли Зон во понеделникот изјави дека бојкотирањето на седниците на комисиите од страна на министрите и директорите на државните компании може да предизвика блокирање на финансирањето на програмите што ги спроведува кабинетот на Видодо.

Според весникот „Џакарта пост“ мотив за одлуката на Видодо за неприсуство на седниците на парламентарните комисии е тоа што тие се уште не се дефинитивно екипирани. Иако делуваат како здружена опозиција, дел од партиите на „Црвено-белата коалиција“, незадоволни од персоналниот состав на парламентарните комисии, сеуште не се согласиле со предложените кандидати.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

25.11.2014 - 12:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега